Собранието со 62 гласови „за“ од вкупно 63 пратеници ,попладнево му го одзеде имунитетот на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за шест судски предмети, за кои е побаран притвор. Станува збор за предметите „Титаник“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Насилство во Општина Центар“, во коии Груевски е обвинет и за уште две истраги во кои е осомничен. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седница.
Груевски избега во Унгарија откако на 9 ноември требаше да се пријави во затворот во Шутка на одлежување на двегодишната затворска казна во предметот на СЈО „Тенк“ и доби азил од тамошните власти на 20 ноември.