Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни. Максималната температура ќе се движи до 15 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 12 степени.
Метеоролозите најавуваат дека денеска поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но со слаб интензитет.
Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.Во четврток ќе биде студено со провејување на снег, а од петок се очекува разведрување.