Скопје

Во Скопје 11 сообраќајки и шестмина повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои три сообраќaјни незгоди со лесни телесни повреди и осум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди шест лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 73 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 10 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.

Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување и еден возач поради неправилно престигнување.

Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 62 мандатни платни налози и 62 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток