Американскиот производител на автомобили „Џенерал моторс“ ќе отпушти 14.700 работници и пониски службеници во Северна Америка. Според најавите од раководството се затвораат седум фабрики.
Ваквите чекори се во рамки на планот на компанијата за намалување на трошоците и фокусирање на автономните и електрични возила.
Одлуката доаѓа по зголемувањето на трошоците на работење, побавната продажба на автомобили, а во момент кога компанијата се пренасочува кон производство на камиони, електрични и самоуправувачки возила.
Запирањето на производството се должи и на тоа што купувачите во Северна Америка се преориентираат по помали на големи возила како теренски возила и камиони, кои сега претставуваат 70 отсто од вкупната американска продажба на возила.
Со спроведувањето на планот, Џенерал Моторс ќе заштеди околу шест милијарди долари до крајот на 2020 година.
На светско ниво, Џенерал Моторс, кој кон крајот на минатата година вработуваше околу 180 илјади работници, планира скусување на нивниот број за 15 отсто, како и намалување на 25 отсто од раководниот кадар.