Популарниот Дан Ориан, нерезидентен Амбасадор на Израел задолжен и за Македонија денес наполни 51 година.
Ориан е голем пријател на Охрид и често престојува во нашиот град, и е личен пријател на охридскиот Градоначалник Никола Бакарачески со кого другарува и во Охрид и во Израел.
На видеото кое ексклузивно го објавува Охрид1 можете да го погледнете Амбасадорот Ориан како ја покажува физичката подготвеност на утринскиот тренинг, денес кога наполни 51 година.
Дан Ориан е исклучително популарен во македонската јавност.