Во пожар целосно изгорел автомобил „тојота корола“ паркиран на улицата Генерал Михајло Апостолски, во скопската населба Карпош 1. Опожарениот автомобил бил паркиран на улицата пред куќата во која живее Миле Зечевиќ, а возилото е во сопственост на неговата сопруга, обајви порталот мкд.мк.
Се претпоставува дека пожарот, кој избувнал утрово околу 3 часот, бил подметнат.
Полицијата извршила увид, но сѐ уште го обезбедува местото.
Миле Зечевиќ е член на Централниот одбор на СДСМ.
Во 2006 година беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а претходно и шеф на кабинетот на Владо Бучковски, кога овој беше министер за одбрана.
Извор: мкд.мк