Македонија

(ФОТО) Функционер на ДУИ учествувал во пресртелка во Тетово

Пред околу еден час во центарот на Тетово, поточно во близина на локалниот ресторан „Делфин“ имало пукање, а учесник во настанот е и функционер од ДУИ, поранешен вработен на висока позиција во УЈП, неофицијално дознава „Скопје 1“.

Пукотниците од огнено оружје се слушале во строгиот центар, а лица од автомобили во движење пукале едни кон други. Дел од куршумите завршиле во угостителскиот објекти. Престрелката била со калашников, велат жителите на Тетово за „Скопје 1“.

Неофицијално, во престрелката има и ранети. Според нашите информации, моментално се прави увид од страна на полицијата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток