Македонија

(ВИДЕО) Мајките си ги бараат децата-паниката е огромна, велат жителите на Тетово по пукањето

По инцидентот кој се случи вечерва во центарот на Тетово, се создаде огромна паника кај населението. Тетовчани велат дека веднаш ги побарале своите деца , затоа што е петок и тинејџерите се излезени. Граѓаните кои биле сведоци на жестоките пукотници од автоматското оружје на два автомобила кои се движеле во центарот, велат дека вакво нешто до сега не виделе и тие неколку минути било страотно за нив и нивните најблиски.

„Мајките си ги бараат децата. Навистина беше страшно. Се слушаа истрели во центарот на градот. Случајните минувачи се криеа како умееа. Сите кои беа сведоци на инцидентот, но и  родителите чии деца се излезени оваа вечер, се стресени“, коментира жител на Тетово за „Скопје 1“.

Инаку настанот се случил околу 21:30 кога засега неидентификувани возила, биле дел од престрелка.  Од звтомобилите со автоматски пушки групите отвориле во центарот на градот. Според првичните информации има ранети лица, а еден од учесниците во престрелката е висок функционер на ДУИ и заменик директор на УЈП.

Портпаролот на тетовската полиција Фатмир Реџепи за локалните медиуми соопштил дека дошло до судир помеѓу две групи, кои во возила од движење отвориле оган меѓусебе. Дел од куршумите завршиле во околните локали во центарот на градот.

Засега нема потврда за повредени лица, но според неофицијални информации се работи за двајца повредени.

Неофицијално засега се уаспени две лица.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток