Дознаваме дека полицијата сеуште нема сознанија кој пукал и од какво оружје. Приведени се две лица, за кои постои сомневање дека се учесници во инцидентот кој се случи вечерва во Тетово. Во моментов се врши увид на мастото на инцидентот и се трага по автомобилите во кои биле двете групи кои меѓусебно отвориле оган. Полицијата трага и по другите лица кои го нарушувале јавниот ред и мир.
Инаку инцидентот во центарот на Тетово се случил околу 21:30 кога засега неидентификувани возила, биле дел од престрелка. Од два автомобили со автоматски пушки групите отвориле оган во центарот на градот. Според првичните информации има ранети лица, а еден од учесниците во престрелката е висок функционер на ДУИ и заменик директор на УЈП.
Портпаролот на тетовската полиција Фатмир Реџепи за локалните медиуми соопштил дека дошло до судир помеѓу две групи, кои во возила од движење отвориле оган меѓусебе. Дел од куршумите завршиле во околните локали во центарот на градот.
Засега нема потврда за повредени лица, но според неофицијални информации се работи за двајца повредени.
