Актуелно

(ФОТО) Се асфалтира улицата „Абас Емин“ во Охрид

„Абас Емин“ денес се асфалтира на потегот од раскрсницата кај Тубелес до пресекот со ул”Охридска Бригада”.
Целосната реконструкција на оваа улица е огромен проект кој трае подолго време, но се гледа крајот.
Ова е проект кој побаруваше поставување на нова атмосферска, фекална и водоводна линија, тампонирање на дел од коловозот, поставување нови рабници и секако асфалтирање. Продолжуваме со работа, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

На почеток