Актуелно

Георгиески: На овој ден славејќи го раѓањето на Бога стануваме свесни за силата на божјата љубов кон човечкиот род којашто не води да правиме чесни дела

Со голема радост и задоволство, на сите припадници на католичката вероисповест, им го честитам најголемиот и најрадосниот христијански празник – Божиќ.На овој ден славејќи го раѓањето на Бога стануваме свесни за силата на божјата љубов кон човечкиот род којашто не води да правиме чесни дела, да се сакаме себеси и да ги сакаме и почитуваме другите. Божиќ е празник на љубовта, на среќата и семејството, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Во продолжение на објавата градоначалникот додава:

Празнувајте во мир и хармонија и со љубов примете ги пораките на овој ден. Правете добри дела и имајте разбирање еден со друг. Само така ќе го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Тоа е божјиот пат, патот на љубовта и спасението на човековиот род.
Со чиста верба кон Бога обединети и сложни имаме можност за заеднички напредок.
Нека Бог дарува љубов, нека има успех и бериќет во секое поле од значење за Охрид и нашава држава. Заеднички да се радуваме и да го славиме овој голем христијански празник.

На почеток