Неколку денови во Лескоец има проблеми со водоснабдувањето. Градоначалникот го објаснува проблемот.
„Јас синоќа до 1:30 бев во Лескоец со екипите на ЈП Водовод. Настанат е дефект при ископ во приватна парцела од страна на физичко лице, дефектот е саниран, но настанати се компликации со испразнување на резервоарот и навлегување воздух во водоводната линија. Од денеска испратени се цистерни и флаширана вода за жителите кои останаа отсечени. Треба во текот на денешниот или утрешниот да се нормализира водоснабдувањето“, вели градоначалникот Константин Георгиески.