Актуелно

(ФОТО) 120 те хуманитарни пакети, доставени до охридските семејства со социјален ризик

Сите 120 хуманитарни пакети кои ги донираа Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија како дел од овогодинешните богојавленски чествувања, во текот на изминатите денови беа доставени до нашите сограѓани со социјален ризик.
-Упатувам благодарност до Мобилните тимови на Општина Охрид и екипите на Црвен крст кои се погрижија оваа хуманитарна активност да биде навремено реализирана.
– Ги поттикнувам претставниците на бизнис секторот и останатите институции да бидат хумани и во рамки на своите можности да помогнат онаму каде што е најпотребно, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
На почеток