Македонија

(ФОТО) Самоиловата тврдина светна во знак на поддршка на ретките болести

Самоиловата тврдина светна во знак на поддршка на ретките болести. Денеска и официјално започнува едно месечната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“.
Во најкраткиот месец во годината кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“ поради ретките 28 дена, јавноста ќе биде запознаена со различните и специфични дијагнози од кои заболуваат граѓаните во нашата држава. За таа цел се изработени 28 текстови за веб портали, 28 аудио клипови и 28 видео клипови на македонски и албански јазик, наапиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додава:

Целта на проектот е да се подигне јавната свест кај граѓаните но и јавните институции за подобро да се запознаат со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести. Да зборуваме гласно за дијагнозите и ретките болести бидејќи споделувањето информации не носи кон нови технологии и нови терапии.
Да бидеме солидарни, да поддржиме, да помогнеме.

фото: ФБ Константин Георгиески

На почеток