Актуелно

Општина Охрид и оваа година ќе субвенционира трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици

Општина Охрид и оваа година ќе субвенционира трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.
Според одлуката која ја усвои Советот на Општина Охрид на својата последна седница, субвенционирањето на трошоците за комунални услуги се однесува за периодот од 01.01.2021 година, заклучно со 31.12.2021 година.
Вкупниот износ на субвенцијата ќе изнесува до 670,00 денари месечно за секој корисник и ќе се користи за наменско подмирување на месечните сметки од општинските јавни препријатија.
Во текот на наредниот период ќе биде распишан јавен повик на кој ќе бидат прецизирани условите за аплицирање, напиаш на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Констентин Георгиески.

фото: ФБ Константин Георгиески

На почеток