Актуелно

Ретро видео: Мицкоски пред три месеци кажа дека има антитела, а сега дека е заразен со коронавирус

Пред точно три месеци, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во телевизиско гостување кажа дека има антитела на коронавирусот, а денеска, објави дека е заразен иако ги почитувал мерките. Досега, нема податок во Македонија дека едно лице е двапати заразено во толку краток рок. Непознаница е како лидерот Мицкоски ем имал антитела, ем сега е заразен.

„Имам антитела на вирусот. Можеби сум го поминал на нога што се вели, а да не сум знаел дека го имам. Кај мене двајцата родители беа позитивни. Што ми вели еден доктор, сега имам ковид штит“, рече Мицкоски на крајот од гостувањето во ТВ21 кон крајот на ноември 2020 година.

Денеска, Мицкоски објави дека добил позитивен тест на коронавирус.

„Иако, ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

 

На почеток