Започнавме со асфалтирање на собирната улица во Кураичка маала во село Лескоец.
Во ова маало повеќе од 30 години во супстандардни услови живееја 250 жители.
Општина Охрид минатата година овде постави и канализациона мрежа, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Во објавата градоначалникот додава:
А од наредната недела продолжуваме со асфалтирање и на други улици во селото Лескоец.
Задоволството на граѓаните за продолжување на работните активности во селото беа нескриени и нивната поддршка искрено ни значи. Тоа е и мотив Општина Охрид да продолжи да работи на подобрување на условите за сите граѓани во општината.
извор: ФБ Константин Георгиески