Актуелно

Георгиески: Чест ми е што денес имав можност да бидам дел од првиот мотивациски настан ,,Патот кон успехот”

Чест ми е што денес имав можност да бидам дел од првиот мотивациски настан ,,Патот кон успехот” кој го организираше тимот на Факултетското студентско собрание при Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
Мотивацијата е клучна за успех на секој поединец, па затоа ме радува фактот што вакви мотивациски настани се организирани од страна на студентите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. 

Георгиески во објавата додава:

Во рамки на настанот своите успешни бизнис приказни во делот на хотелиерството и угостителството ги споделија говорниците Дамир Бошњак и Бранко Попоски.
Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да даде поддршка на вакви настани, кои даваат придонес во делот на образованието и туристичкиот бизнис, како главна основа на економскиот развој на Охрид.

извор: ФБ Константин Георгиески

На почеток