Актуелно

На 28 ми април – конститутивната седница на Локално Собрание на Млади на општина Охрид

Младите треба да бидат најважните носители на позитивните промени и се важен ресурс за развој на една општина. Затоа континуирано сме посветени на градење партнерство и воспоставување на соработка со младите.
За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики планирано е формирање на Локален совет на млади и конституирање на локално младинско собрание, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Георгиески во објавата додаде:

Целта на реализација на оваа активност е вклучување на младите во спроведување на политиките и креирање на младинските програми. Тоа е можно единствено преку институционализирање во тело кое формално правно ќе ги претставува и застапува младите.
Конститутивната седница на Локално Собрание на Млади на општина Охрид ќе се оддржи на ден 28.04.2021 година (среда) во 12 часот во Големата сала на Советот на општина Охрид.

 

извор: ФБ Константин Георгиески

На почеток