Свет

Наследничката на Меркел новоизбраната лидерка на ЦДУ именува 33-годишник за генерален секретар на партијата

33-годишниот Паул Цимјак е нов генерален секретар на владејачката партија ЦДУ.Тој на функцијата ја заменува новоизбраната лидерка на партијата Анегрет Крамп-Каренбауер и важи за кандидат по нејзина желба. Новата лидерка како знак дека сака да избегне подлабоки поделби во партијата и на конзервативците и на помладите членови да им даде посилен глас за генерален секретар на партијата го предложи Цимјак за шеф на партиското младинско крило.
Инаку на изборите на ЦДУ од 1.001 делегат, 517 кренаа рака за Анегрет Крамп-Каренбауер да ја наследи Ангела Меркел на најголема германска партија. Крамп-Каренбауер (56), позната под акронимот АКК, го остави зад себе во вториот круг фаворитот на конзервативното крило Фридрих Мерц, кој доби 482 гласа од делегатите.
Во првиот круг Крамп-Каренбауер доби 450, Мерц 392, а третиот противник, министерот за здравство Јенс Шпан, доби 157 гласа.
Така за ЦДУ почнува нова ера по цели 18 години, колку што ја водеше партијата Ангела Меркел. Кога таа дојде на чело, ЦДУ уште беше длабоко во опозиција на тогашниот социјалдемократски канцелар Герхард Шредер. Подемот на Меркел тргна токму преку плеќите на Фридрих Мерц, кого во 2002 година практично го истисна од местото шеф на пратеничкиот клуб во Бундестагот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток