Двајца гостиварци се приведени и задржани во полициска станица под сомнеж дека противправно лишиле од слобода нивна роднина.
Според СВР Тетово, 30-годишната гостиварката Џ.С. синоќа околу 21 часот пријавила дека е противправно лишена од слобода во соба на мотел во Гостивар. По пријавата, приведени и задржани се нејзините роднини 32-годишниот А.А. и 40-годишниот Б.О. , двајцата од Гостивар. Тие со осомничени поради нивна инволвираност во противправното лишување од слобода.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и под какви околности се одвивал настанот.