Чест ми е што денеска мои гости беа фудбалските легенди од поранешната Југославија, Бошко Ѓуроски, Станислав Караси, Јован Аќимовиќ и Милош Шестиќ.
Во Охрид деновиве ќе престојуваат повеќе од 40 поранешни фудбалери, како и членови на управата од клубот „Црвена Ѕвезда“.
Предвидено е во сабота на Градскиот плоштад во Охрид, точно на пладне гостите да остварат неколку часовно дружење со фановите, додека за 18 часот е закажан ревијален натпревар помеѓу ветераните на „Црвена Ѕвезда“ и ветераните на фудбалскиот клуб „Охрид“. Натпреварот ќе се одигра на фудбалскиот стадион „Билјанини извори“.
Иницијатор на средбата е Здружението на фудбалски ветерани на ФК „Охрид“, каде членови се дваесеттина првотимци од сите генерации на клубот. Гостувањето се поклопува со јубилејот што го одбележува ФК „Охрид“ кој оваа година прославува стогодишнина од формирањето на 18-ти април 1921 година, напиа во својата ФБ објава градоначалникот.