Унгарски „Индекс“ го најде изворот на оригиналната фотографија од вчерашната прошетка на поранешниот македонски премиер Никола Груевски низ улиците на Будимпешта која се рашири со брзина на светлината по социјалните мрежи и медиумите.
Британски новинар Даниел Нолан го фотографирал Груевски во близина на култна пивница во унгарската престолнина. – Го фатив жив! Пребеганиот екс-македонски премиер забележан во Будимпешта – напиша британскиот новинар заедно со објавената фотографија на Твитер, пренесе Фактор.