Вчера во попладне во полициската станица во Карпош, е добиена пријава од 50-годишен Скопјанец, чиј 17-годишен син бил физички нападнат од неколку непознати лица кои биле на возраст од 17 години. Настанот се случил во 9 часот наутро, во Трговскиот центар „Лептокарија“, информираат од полицијата.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.