Координативното тело за помирување денеска ја одржа својата трета средба и го презентираше текстот на предлог законот за амнестија. Предлог законот ги содржи делата кои што нема да бидат опфатени со амнестијата. Како што објаснија копретседавачките Фросина Ременски и Емилија Александрова со амнестијата нема бидат опфатени лицата кои според обнинието се теретат за за здружување на непријателска дејност, лицата кои влегле со оружје, била маскирани и се однесувале насилно. Секој од обвинетите или осудените мора да поднесе индивидуално барање во рок од пет дена, а одлуката ќе носат јавното обвинителство и судот.
„Очекувам денеска во соодветна процедура да влезе со собраниска процедура“, изјави Ременски и додаде дека помилување нема да има и за лицата кои се гонат за кривичното дело здружување заради непријателска дејност и нема право да дава квалификации кој треба да добие амнестија, за тоа ќе одлучува судот врз основа на Јавното Обвинителство.