Актуелно

„Не може со 13 инспектори да се врши контрола на 2.000 фирми“, директорот Хусеини не правел контрола на автобусот кој изгоре

Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини вечерва во гостувањето на 24 Анализа рече дека не чувствува вина за трагедијата во која 46 патници загинаа откако автобус се запали кај „Струма” во Бугарија. Тој вели дека иако не била направена контрола врз автобусот, трагедијата сепак ќе се случела. Признава дека има пропусти, но се пожали и дека институцијата со која раководи немала доволно кадар за да може да прави контроли на автобусите. За оставка, вели дека не знае дали ќе си замине од функцијата.

„Нема ние што да одговориме зошто не сме го контрирале овој автобус, ние не можеме да ги контролираме сите автобуси. Немаме толку инспектори и за тоа сме алармирале. Мислите ли дека да имаше извод од лиценца, немаше да се случи трагедијата? Контролата не можеме да ја правиме 24 часа на граничните премини. „Беса транс” се меѓународни превозници, а ние во фирмите влегуваме еднаш во 2 години. Има 2.000 фирми, а ние имаме 13 инспектори. Не можеме да вршиме надзор на 2.000 компанија со 13 инспектори. Сто пати сме кажале во секоја годишна програма и ништо не е сторено. И на Министерот за транспорт и врски и на Министерство за финансии сме им побарале кадри, ама ништо”, вели Хусеини.

За тоа дали е точно дека има блиски релации со одговорните на „Беса транс” , Хусеини вели дека се тоа само шпекулации.

На почеток