Македонија

Заев со највисок рејтинг за претседателски кандидат

Претстојните претседателски избори ќе бидат длабоко вкопани во партиските ровови, со мали изгледи за консензуален кандидат, при што 12,4% од граѓаните за иден претседател би му дале доверба на актуелниот премиер Зоран Заев, а веднаш по него на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и шефот на дипломатијата Никола Димитров со по 8,2% поддршка. Ова го покажа новата анкета на Телма и МЦМС спроведена од 7 до 14 декември на репрезентативен примерок од 1014 испитаници.

Веднаш зад нив на листата се Стево Пендаровски со 6,8 проценти, и Бујар Османи со 6,5, и поранешниот кандидат за претседател Имер Селмани со 5,8%. Сепак не се за занемарување речиси 19% од граѓаните кои идниот претседател не го гледаат во ниту еден понудените кандидати, како и 15% кои се уште не одлучиле.

Анкетата покажа дека консензуален кандидат е можен меѓу СДСМ и ДУИ, каде повторно на врвот на листата е Заев за кого би гласале 10,2% од Македонците и 11,2% од Албанците. Втор би бил Никола Димитров, а трет е Стево Пендаровски. Кандидатите кои се независни или се сметаат за потенцијални кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не можат да сметаат на гласовите на етничките Албанци.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток