Скопје

Шарените револуционери се во ФИРОМ, разочарани и со трауми

Ирена Цветковиќ, активистка за човекови права и познавач на родовите прашања, дел од Коалиција „Маргини“, на својот фејсбук профил објави статус во кој се запрашува каде се шарените сега?, но и си одговара на своето прашење. Еве го статусот на Цветковиќ во целост:

Каде се Шарените сега?
Драги заинтересирани,
Шарените се тука, уморни и разочарани. Тука сме, во фиром, измрцварени, секој со својата траума. Се справуваме кој како може и знае.

10 години од нашите животи посветивме по улици, тротоари, плоштади. Протестиравме, се боревме и сонувавме за промени заедно. Губевме време, нерви, здравје, некои од нас и работа, пријатели, членови на семејство.

Се боревме за право на абортус, за човекови права, за универзитетска автономија, против полициска бруталност. Се боревме за слобода и правда, се боревме против режим. Бутнавме власт и добивме нова. Знаеме дека новата не е ни приближно добра како што се надевавме. Не барајте од нас и оваа битка да ја водиме.

Една власт симнавме низ протести. Немаме резервни животи за уште една деценија ист пат. Секој човек има сила за една голема битка. И толку.
Не ме барајте више за протести. Уморна сум, прегорена, разочарана. Од 10 години борба против режим заработив депресија, анксиозност и пристап до мир единствено преку апатија.

Вие сте на ред. Шарена заврши. Еве ви ги улиците, тротоарите, плоштадите. Борете се сега и за нас, напиша Ирена Цветковиќ, на својот фејсбук профил..

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток