Скопје

Ременски на ФБ: „Никој не смее да биде привилегиран само затоа што бил избран или именуван функционер“

Никој не смее да биде привилегиран само затоа што бил избран или именуван функционер, напиша на својот фејсбук профил пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски.

Во продолжение на својот статус Ременски додава:
„Законите ги регулираат правата и обврските на сите избрани и именувани функционери за време и по завршување на нивниот мандат.
Ставањето во привилегирана позицијаза време и по престанок на функцијата е спротивно на принципите на недискриминација и еднаквост.

Наместо да се зголемуваат, привилегиите треба да се минимизираат. И тоа веднаш, пред да се уништи јавниот имиџ на функцијата пратеник кој и без тоа е доволно уништен“, напиша Ременски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток