Скопје

Една слика – илјада зборови, уличен продавач продава пиротехника на полиција?

На социјалните мрежи деновиве кружи фотографија на која се гледа како уличен продавач во Скопје нуди „нешто“ за продажба на службени лица во полициски автомобил.

Што нуди може само да претспоставиме со оглед на тоа што во рацете држи и големи пиротехнички средства.

Сликава стана хит на интернет, со оглед на тоа што петардите и другите пиротехнички средства се забранети, а од МВР веќе подолг период апелираат дека купувањето и активирањето на петарди или пиротехнички средства на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради е строго забрането и дека оној кој ќе постапува спротивно на ова ќе биде казнет со паричен износ кој се движи од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника.

И покрај предупредувњата од МВР често гледаме дека пиротехника се продаваат по тезгите и улиците како и секоја друга сезона.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток