Македонија

Заев: СДСМ сака да се почитува волјата на Стојаноски

Советниците од редовите на СДСМ ќе го предложат Констатнин Георгиевски за в.д. градоначалник на Охрид и ќе разговараат со останатите партии сите заедно да застанат зад неговиот избор на оваа привремена функција, а со тоа ќе се испочитува волјата на покојниот градоначалник Јован Стојаноски кој го назначил Георгиевски за негов заменик.

Првиот човек на СДСМ Зоран Заев, вели дека правото на глас го имаат советниците и централната власт во тоа неможе ни да се меша ни да наложи нешто, но генерално неговата партија сака да се испочитува тоа што покојниот градоначалник го потпишал во време на својот живот, а се однесува на негов заменик.

„Константин е заменик градоначалник поставен од покојниот градоначалник Јован Стојаноски. СДСМ и советниците сакаат тоа да се испочитува. Ќе разговараат и утре со ВМРО ДПМНЕ , со ДУИ , Алијансата и со Беса. Скаат да се постигне консензус и да го постават. Така сум јас информиран од охридската организација на СДСМ, а правото останува на советниците во Советот на Општина Охрид “ – изјави Заев за „Скопје 1“.

Јавноста во Охрид и аналитичарите деновиве едногласно побараа да се почитува волјата на покојниот градоначалник.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток