Скопје

(ВИДЕО) Спасовски: Ги активираме советите за превенција – ја зголемуваме безбедноста

Присуството на полицијата, нејзината отвореност кон граѓаните – секогаш и секаде е од примарно значење – како заради поефикасно остварување на полициските работни задачи, така и заради поблиска, односно потесна соработка меѓу полицијата и граѓаните, чии што сервис е таа, рече министерот Оливер Спасовски на денешната седница на локалниот совет за превенција на општина Конче.

– Функционирањето на локалниот совет за превенција овде во општина Конче е уште еден чекор во насока на целосно остварување на концептот што го афирмираме со поддршка на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија за – полицијата како сервис на граѓаните. Практично, подинамично приближување на полицијата до граѓаните во локалните средини, независно дали се работи за урбани или рурални средини, меѓусебна редовна комуникација, информирање, едукација а се со цел да се подигне општиот степен на сигурност и безбедност на граѓаните и на нивните материјални добра. А истовремено драстично преку низата превентивни активности и соработка да се намали стапката на криминалитет во локалните средини – рече Спасовски.

Во локалните совети за превенција покрај надлежни полициски службеници и претставници на локалните власти имаат можност да партиципираат непосредно и конкретно невладините организации и граѓаните.

– Се надевам дека Локалниот совет за превенција при општината Конче ќе ја оствари својата корисна мисија. Полицијата од своја страна ќе стори се што е во нејзина моќ, согласно своите законски надлежности и обврски, да даде максимален придонес во функционирањето на советот.Ова е во склоп на активностите што ги преземаме, се со цел поголема безбедност на граѓаните и кои даваат резултати. Резултатите од работата на полицијата се гледаат и од последната анкета на ОБСЕ, каде 75 отсто од граѓаните се изјаснија дека се чувствуваат безбедни. Но, ние не се задоволуваме со тоа и во иднина ќе работиме за овие бројки уште повеќе да се зголемат – рече Спасовски.

Министерот Спасовски имаше работна средба и со градоначалникот на Конче Благој Илиев, на која се разговараше за меѓусебната соработка.

– Многу важно за безбедноста е да има партнерски однос меѓу граѓаните и македонската полиција. За жал, таа нишка беше прекината во минатото, но сега ја обновуваме таа соработка и притоа ја враќаме довербата на граѓаните во полицијата- рече Спасовски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток