На предлог на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната седница ќе биде разгледана Предлог – програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.
Министерството за локална самоуправа за оваа седница предложи повеќе точки меѓу кои и Предлог – програмата за изменување на Програмата за рамномерен регионален развој во 2018 година, Информацијата со барање за измена на Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2018 година, со Предлог – одлука, како и Информацијата со барање за измена на Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на селата во 2018 година, со Предлог – одлука.
На оваа седница на Владата на РМ ќе биде разгледана и Информацијата за усвојување на Национална транспортна стратегија 2018-2030, додека пак на предлог на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, на седницата ќе биде презентирана Информацијата за потпишување Меморандум за соработка со Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за реализација на проектот „Носење промени – добро управување и ефективност во јавната администрација“.
Од Канцеларија на Претседателот на Владата на РМ, за оваа 112-та седница доаѓа Информацијата за формирани работни групи по кластери за подготовка на Националната стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализам.
На денешната седница на Владата на РМ ќе се најдат и повеќе други точки од интерес на граѓаните и од Програмата за работа на Владата.