Градоначалникот Шилегов и оваа година обезбеди бесплатни билети во Театарот за деца и младинци и организиран бесплатен превоз за децата од „Здружението за заштита на правата на детето кое ги згрижува децата од улица“, децата на корисниците на услуги од ХОПС, децата без родителска грижа од СОС „Детско село“ и од домот „11 Октомври“.
Дечињата, денеска, ќе имаат можност да уживаат во претставите на Театарот за деца и младинци во пресрет на новогодишните празници.