Свет

(ВИДЕО) Повторно сообраќајна несреќа во Србија – се судрија камион и автобус, има загинати и повредени

Тешка сообраќајна несреќа во Србија. Се судрија камион и автобуе. Еден човек загина, а 12 се повредени, меѓу кои и дете. На самото место загинал возачот на камионот, а повредените се од автобусот. Повредените, меѓу кои и седумгодишно дете, се пренесени на Ургентниот центар при Општата болница во Крушевац.

Камионот се движел од Крушевац, а автобусот од Варварина. Несреќата се случила околу 15 часот.

Во тек е увид на местото на инцидентот, а таму е и истражен судија, екипи од пожарникари со две возила и полиција.
Патниот правец Крушевац-Варварин е затворен за сообраќај.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток