Дамјан Пејчиноски со својот квартет за Божиќните и Новогодишните празници на покана на Армандо Краензлин, главниот менаџер на „Four Seasons Resorts Maldives“, од одржат неколку концерти на Млдивите.
Во моментов се на островот Ланда Гиравару, и со задоволство споделуваат дел од убавините на рајскиот остров со читателите на скопје1.мк.
Дамјан вели дека слободното време го уживаат максимално.
Инаку, Дамјан е роден е во Охрид 25 Октомври 1984.Гитара започнува да свири на 14години.Во 2002 со својот бенд настапува на Рок Фестивалот за млади таленти и ја освојува наградата за најдобар гитарист.Во 2003 се запишува на Националната Музичка Академија Панчо Владигеров отсек џез и ја добива најголемата стипендија.Во 2004 формира нов бенд Jump Start.Во 2008 свирел со браќата Тавитјан во Универзална.Во 2009 Мај влегува во финалето на Guitar Idol(најголемото гитарско натпреварување во светот).
Триото на Дамјан Пејчиноски ја доби наградата „Извонредност во изведбата“ во Ланжоу, НР Кина за нивните концерти одржани на фестивалот „China Cultural Season 2017“.
Во периодот од 6 до 12 јули 2017, по концертот во Њујорк – САД, Дамјан Пејчиноски Трио гостуваше на фестивалот “China Cultural Season 2017“ организиран од Министерството за култура на НР Кина и Џез Асоцијацијата на Кина. Во рамките на овој интернационален фестивал, Триото на Дамјан Пејчиноски имаше четири концерти на кои, пред масовна публика, изведуваше македонски евергрини во џез аранжмани, класични композиции, џез стандарди и авторски композиции, аранжирани од Пејчиноски. Наградата, по свечена церемонија, им ја врачи градоначалникот на Ланжоу.
