Свет

Германската влада сака да воведе верски данок за муслиманите

Политичарите од владејачката демохристијанска-социјалдемократска коалиција предложија воведување на верски данок за муслиманските верници, сметајќи дека така полесно ќе овозможат независно финансирање на работата на џамиите во Германија.

Луѓе од ЦДУ на Меркел за Велт објаснуваат дека данокот за џамии е „важен чекор кој ќе дозволи исламот во Германија да се ослободи себе си од влијанието на странски држави.“

Во Германија веќе се собира црковен данок од католиците и протестантите од кој се финансираат црковните активности. На терен данокот го наплаќа државата, а потоа го префрла на религиозните власти.

Освен претставниците на владејачката коалиција, наклоност кон планот за данок за џамии има и кај дел од муслиманските верски лидери, чие очекување е дека „во иднина сите потреби на заедницата ќе можат да бидат покриени од нејзините членови.“

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток