Актуелно

Боки 13 сподели фотографии од Русковска и дел од Владата: Прво место за најдобра маска ја понесе женско лице

Споделувајќи фотографии од половина тогашна Влада, обвинителката Вилма Русковска, тогашниот уредник во 1ТВ, Ацо Кабранов, а сите направени при одбележувањето на медиумот во Македонската Филхармонија, Бојан Јовановски-Боки 13 посочи дека првата награда за најдобра маска ја понело женско лице. Тој ја опиша како изгледа, но не спомена име.

Интегрално го пренесуваме статусот објавен на неговиот профил:

„На денешен ден 1 април 2019, во Македонскатаа Филхармонија беше фамозната и најзборувана прослава за годишницата на 1ТВ, во случајности не верувам, бидејки времето е најдобар показател дека случајности не постојат, па затоа од денешна дистанца гледам дека терминот и денот не биле случајни! Тогаш мислев дека правам роденденска церемонија ( никој не ми е крив што сакав да правам церемонии за лицемери додека истите ми го копаат “гробот ” и да се правам важен ) , а од денешна дистанца констатирам дека тоа беше еден голем ГАЛА ПРВОАПРИЛСКИ МАСКЕМБАЛ и еден сериозен натпревар помеѓу присутните кој да ја понесе титулата за НАЈДОБРА МАСКА… Имаше и луѓе кои дојдоа без маска, со сопствено лице и став и единствено им благодарам на таквите… Првото место за НАЈДОБРА МАСКА на ГАЛА МАСКЕМБАЛОВ одржан на 1 април 2019 , во Филхармонија, ја понесе женско лице со исклучително автентична маска со стајлинг ала Бети Буп , во дезен на точкици, туфници, машни и други тракатанци адекватни на личноста и карактерот на истита! Имаше присутни кои беа маскирани во луѓе, пријатели, другари, роднини и соработници… се и сешто!!!

По завршувањето на официјалниот ГАЛА маскембал имаше и првоаприлски афтер парти, каде победничката на маскембалот беше највесела, пееше, пиеше, играше, се вртеше као на рингишпил и на крај не можевме по скали да ја симнеме за да си оди дома!!! Се поставува едно прашење и една констатација… Што правиме кога маските паѓаат и кога останувате со вашето лицемерие, злоба и користољубие? На оваа држава доста и од маски и маскирани, потребни и се луѓе со ЛИЦЕ, СТАВ И ИНТЕГРИТЕТ!!! Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски Објавено од страна на администратор на профилот“, е споделено на профилот на Боки 13.

На почеток