Во вооружен напад врз возило во движење во албанскиот град Елбасан, убиени се три лица. Еден од нив странец, јавуваат албанските медиуми.
Инцидентот се случил синоќа во 21:15 часот, кога три лица со калашњикови пукале во возилото,со италијански регистарск таблички.н
На самото место е убиен државјанин на Турција,кој во Албанија пристигнал во петокот. Другите две лица починале на пат кон градската болница. Тие се Ендрит Алибеај (34) и Арбен Дилѓери (25), кои живееле во странство а во родниот Елбасан биле дојдени за новогодишните празници.
Неофицијлно станува збор за конфликт меѓу криминални групи кои се занимавале со шверц на дрога.
Полицијата инцидентот го потврди преку сооштение.