Свет

Германец кој мразел странци, со автомобил се обидел да „покоси“ случајни минувачи

Маж со автомобил со голема брзина влетал во група пешаци за време на новогодишната ноќ во западна Германија, при што биле повредени најмалку четири лица.

Возачот (50) со „мерцедес“ прво се обидел да удри во група луѓе во Ботроп по полноќ, но пешаците успеале да се тргнат од патот. Потоа напаѓачот во центарот на Ботроп со возилото удрил во група луѓе, меѓу кои имало Сиријци и Авганистанци, а потоа побегнал во Есен, каде неуспеал да удри во лица кои чекале на автобуска станица.

Германската полиција утрово го уапси возачот. Според нив нападот бил насочен кон странци.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток