Свет

(ВИДЕО)Украина објави снимка од бомбардираното училиште: „Брутално руско воено злосторство“

Украинското Министерство за надворешни работи објави видео од последиците од вчерашниот бомбашки напад на училиште во селото Билохоривка во областа Луганск, во чиј подрум се криеле 90 лица. Спасени се 30, а се стравува дека загинале 60 лица.

Во објава на Твитер, Министерството напиша: „Русија го изврши ова брутално воено злосторство непосредно пред Денот на сеќавањето и помирувањето (украинското име за Денот на победата над нацизмот), постојано повторувајќи ја трагедијата од Втората светска војна“.

Затрупани 60 луѓе под гранатирано училиште во украински Луганск

На почеток