Актуелно

„Сакаа да легализираат бизнис со видеоапарати за профит на политичари блиски до ДУИ и СДСМ“, Јаулески за насилен обид во Собранието

Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека денеска владеачката коалиција се обидела насилно да поминат точка со кој ќе се даде автентично толкување на Законот за игри на среќа, со кој, како што посочува, би се легализирал бизнис кој ќе генерира профит за политичари блиски до ДУИ и СДСМ.

„После целодневна борба на Законодавно-правна комисија, се прекина расправата на усвојувањето на дневниот ред на кој се наоѓаше, автентично толкување на законот за игри на среќа (или паралелна видеолотарија на ДУИ). Насилно (со бројни прекршувања на деловникот) сакаа да ја поминат точката со која се легализира бизнис со видеоапарати кој ќе генерира профит од над 10 милиони евра на бизнисмени и политичари блиски до ДУИ и СДСМ.

Очевиден криминал со документ за автентично толлување на Законот за игри потпишан од Артан Груби, а по барање на пратеник од ДУИ. Ваквите закони и постапки на коалицијата СДСМ – ДУИ само потврдуваат зошто е неопходна активна блокада на Собранието, се до одржување на предвремени парламентарни избори“, посочи Јаулески.

На почеток