27-годишен скопјанец со иницијали С.Н. пријавил дека во угостителски објект на плоштад Македонија, каде тој е вработен како келнер, бил физички нападнат од страна на едно лице.
Инцидентот се случил доцна синоќа, нешто по 22 часот.
Од полицијата информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.