Скопје

ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА НА МОРБИЛИ, Филипче: Ова е смртоносна болест

Министерот за здравство, Венко Филипче прогласи епидемија на морбили. Филипче тврди дека работата е под контрола и додава дека од 15 илјади невакцинирани само 310 се вакцинирале оваа недела.

„Дванаесет нови случаи на морбили во Скопје. За шест е потврдено, а за останатите резултатите ќе бидат достапни во наредниот период. Од утре носиме привремена мерка забрана за носење на децата кои не се вакцинирани во градинки. Прогласуваме епидемија на морбили“, рече Филипче.

„Морам да кажам дека станува збор за исклучително опасна болест. Во Србија имаше 30 мртви деца, а во Романија околу 50 деца. Ние нема да дозволиме тоа да се случи и тука. Кај нас во Македонија, случаите се во повеќе општини и станува збор за невакцинирани деца“, додаде Филипче.

Вирусот се пренесува од човек на човек, а влијае на нервниот систем, велат од Институтот за јавно здравје. Од таму додаваат дека последиците можат да бидат многу тешки и мора да се реагира на време.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток