Скопје

Тоше Зафиров: Како обезбедување кај Груевски добивав по 1.000 честитки, сега едвај 50

Шампионот во бодибилдинг и поранешен дел од обезбедувањето на побегнатиот екс премиер Никола Груевски, Тоше Зафиров , Новата година на социјалните мрежи, ја честиташе на специфичен начин.

-Си беше еднаш едно време кога бев обезбедување кај едно човече (Никола Груевски) и тогаш за Нова година добивав околу 1.000 пораки со честитки. Потоа, не бев веќе кај човечето, и бројката се намали на 300… 500… За да по некое време, кого го заборавивме човечето таа се намали накај педесеттина, но барем си знам, малку се, но сепак искрени пријатели се. Ете, таква е оваа приказна… Среќна Нова 2019 година – напиша Зафиров.

Откако се повлече од обезбедувањето во шеста управа, тој целосно се посвети на вежбањето и на Македонија и донесе голем број на златни медали и високи титули во бодибилдингот. Светскиот вицешампион во бодибилдинг во 2017 година ја промовираше својата прва книга ,,Патот кон врвот” негова биографска книга во која го опишува својот животен пат, како приватниот тек, така и професионалниот развој и почетоците на бодибилдингот во Македонија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток