Шпанија ќе започне со вакцинирање против мајмунски сипаници
Шпанија ќе започне со вакцинирање на лицата кои биле во близок контакт со заболени од мајмунски сипаници, откако од 19 мај досега 242 лица биле позитивни на овој вирус, соопшти денеска Министерството за здравство.
Можно е да се вакцинираат само блиски контакти или лица кои се изложени на висок ризик од тешко заболување поради малата количина на вакцини против мајмунска сипаница, се додава во соопштението.
Околу 200 вакцини „Имванекс“ беа доставени во Шпанија пред четири дена, а владата сака да купи повеќе од овие лекови преку програмите на ЕУ.
Повеќе од 1.200 случаи на мајмунска сипаница се потврдени во околу 30 земји каде болеста не е ендемична, најмногу во Европа.
Шпанија денеска регистрира девет нови случаи.