Свет

Возило на итната медицинска помош од Прилеп се излизга и преврти на Плетвар

Поради лошите услови на патот, возило на итната медицинска помош од Прилеп, вчера враќајќи се од Скопје излетало на Плетвар.

Директорката на Здравствениот дом од Прилеп, Оливера Аџиоска објаснуваа дека до несреќата дошло поради лошите услови на патот. Возилото се излизгало, се превртило два пати и завршило на кровот.

„Во возилото биле 3 лица, еден пациент кој што го зедовме од клиниката за Гастро од Скопје, член на неговото семејство и возачот од Итна помош Прилеп. Иако возилото се превртело два пати, чиста среќа во несреќа е тоа што никој од оние кои биле во него не е повреден. Најверојатна причина за несреќата е лизгавиот пат, бидејќи возилото не се движело брзо и се било во ред. По несреќата веднаш повикавме екипа на полициската станица од Прилеп која изврши увид на лице место“, истакна Аџиоска за infokompas.com.mk

Возилото со шлеп служба е однесено на сервис.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток