Свет

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) Фотографии од обдукцијата над Давид Драгичевиќ

Не запираат протестите во Бања Лука во кои се бара правда за Давид Драгичевиќ. Апсења и протести има секојдневно. Тензична атмосвера сеуште.

Давор Драгичевиќ неодамна објави фотографии од обдукцијата на телото на неговиот син. Социјалната мрежа фејсбук овие фотографии ги отстрани многу брзо поради нивната вознемирувачка содржина.

Уште еднаш потсетуваме дека станува збор за многу вознемитувачка содржина.

Фотографиите потврдуваат дека Давид, пред да биде убиен, бил ѕверски претепан, мачен.

Овие фотографии исто така потрдуваат дека Драган Лукач, министер за внатрешни работи лажел кога изјави дека на Давид „не му се искршени заби и коски“.

Министерот уште во изјва тврдеше дека за смртта на Давид нема кривично дело.

Овие фотографии го потрдуваа токму спротивното, поточно се сведок на ужасот кој го поминал 19 годишниот Давид Драгичевиќ.
Инаку Давор Драгичевиќ, таткото на 19-годишното момче Давор за чија неразјаснета смрт граѓаните од Бања Лука протестираат веќе девет месеци, беше приведен, па пуштен на слобода откако се организираа масовни протести во градот.

„Против сите кои учествуваа во моето апсење ќе поднесам кривични пријави. Мојот Давид ќе добие правда и сите во оваа држава ќе добијат правда. Не ми можат ништо ни за милион години“, изјавил Драгичевиќ по пуштањето на слобода.

Драгичевиќ бил приведен поради загрозување на безбедноста, поради тоа што наводно му се заканувал на министерот за внатрешни работи на Република Српска пред владината зграда.

Драгичевиќ ја обвинува покраинската власт и полиција за смртта на неговиот син, случај кој веќе девет месеци не е расчистен од институциите.

Во Бања Лука сеуште е тензично.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток