Свет

(ВИДЕО) Секс забава на самопрогласениот аристократ, лордот “Брз Еди”, заврши со убиство

Вратар избоден до смрт на новогодишната вечер. Умрел штитејќи ги богатите клиенти на забавата на самопрогласениот аристократ, лордот “Брз Еди” Девенпорт.

Самопрогласениот аристократ, познат по луксузните секс-забави, бил виден како помага при плаќањето на вратата на ексклузивната забава, кога насилниците се обиделе да си го пробијат патот до “Парк Лејн”, каде Новата година ја прославиле арапски принцези, тајкуни и други познати личности.

“Тоа беше луда забава”, рекол извор близок до Девенпорт.
Вратарот Тјудор Симионов бил убиен откако бил избоден во гради, а и хостесите исто така биле сериозно повредени, при инцидентот кој се случил во околу 5:30 часот по локално време.

Извор за полицијата навел дека имало девојки “облечени во атрактивна облека, со долна облека кој ѕиркала, и дека луѓето влегувале и излегувале”. “Делуваше како секс-забава”, истакнал тој.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток