Лајчак бара итно решавање на прашањето со исчезнатите 1.600 луѓе
„Итно решавање на судбината на над 1.600 луѓе кое се водат како исчезнати. Сите сакани, без оглед на нивната етничка припадност, заслужуваат нивниот случај да се затвори“ наведува посредникот во дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.
Тој нагласи дека прашањето за исчезнатите станува итно.
„Поради тоа го посетив Документарниот центар, одржав состаноци со Ресурсниот центар за исчезнати лица и ја погледнав емисијата“ напиша Лајчак на Твитер.
Resolving the fate of more than 1600 persons still missing is urgent. All loved ones – no matter of their ethnicity – deserve closure. This is why I visited the Documentation Center, met with the Missing Persons Resource Center and attended the screening of 🎥“Water and Candles” pic.twitter.com/3CLgrJCc0G
— Miroslav Lajčák (@MiroslavLajcak) June 27, 2022